55c3d4eac3618851388b45b2

Вселената не е најпријатното место за луѓето. Ние не сме приспособени да функционираме во вакуум, без гравитација и без заштитна атмосфера. Кога сме на Земјата, нејзиното магнетно поле (магнетосфера) не` заштитува од штетното сончево зрачење и бури кои често се испалуваат од површината на Сонцето.

Од друга страна, кога космонаутите ќе излезат од Земјината атмосфера тие се изложени на силни извори на зрачење кои знаат да влијаат доста штетно врз нивните тела, зголемувајќи ги шансите да заболат од рак, да им се влоши состојбата на зглобовите и слични негативни појави. Предходно беше предложено на вселенските бродови да постои соба опкружена со вода која би спречила голем дел од космичкото зрачење да продре до луѓето кои се во неа, и која би можела да се искористи кога ќе има изразено количество на ваквото зрачење.

Научниците од Европската организација за нуклеарни истражувања (ЕОНИ; CERN) работат на друга идеја. Тие се обидуваат со помош на користење на лента од магнезиум диборид да создадат суперспроводник кој би бил обложен околу засебна соба или околу целото вселенско летало. Бидејќи е суперспроводник тој би создал многу моќно магнетно поле кое, налик Земјиното, ќе ги одбива или впива космичките зрачења, или барем дел од нив, доведувајќи ги до безбедно ниво.

Во следните месеци научниците од ЕОНИ ќе го тестираат ваквиот електромагнетен штит на Земјата за да видат колку е навистина ефикасен во однос на заштита и потрошена енергија, па ако се покаже како квалитетен секако ќе биде земен предвид кога ќе се изведуваат следните вселенски мисии и градат бродовите потребни за нив.

Засега можеме да ги заштитуваме космонаутите како знаеме, а тие можат да направат скара само држејќи ја директно изложена на Сонце.

Извор: RT, IFLScience

Претходна статијаПоранешен Аполо космонаут тврди дека нуклеарна војна била спречена од вонземјани
Следна статијаAndonos RAL 9000 – роботизирана светилка со карактер