anodos_ral_9000_robotic_lamp_1-620x349

Ви текнува на светилката на Pixar, студиото за 3Д анимирани филмови? Таа се појавува кога се појавува и нивното лого, прикажувајќи одредени карактерни особини кои се интересни.

Запознајте се со Andonos RAL 9000, роботизирана светилка со (симулиран) карактер. Се работи за светилка која, нормално, има лампа за осветлување. Сепак, покрај лампата, таа има сензори, па може да осети кога некој седнува или станува од бирото и соодветно автоматски да се намести да свети. Таа дополнително има и еден вид на „екран“ на едната странa од „главата“ направен од LE диоди кој може да прикажува разни ефекти. Светилката дури може да игра Arkanoid на овој екран!

Како што можете да видите на видеото, таа се движи во позиција на осветлување, а штом корисникот стане се мести во позиција за „спиење“ и се гасне. Во меѓувреме комуницира како секој робот од популарни филмови кој едноставно мора да пушта звуци и светла кога размислува бидејќи инаку како ние би знаеле кога го прави тоа, а воедно да не ни биде језив?

anodos_ral_9000_robotic_lamp_4-620x349

Ако името заедно со изгледот и функционалноста не ви се досега језиви ќе можете да си ја нарачате оваа лампа која доаѓа од, секако, Јапонија. RAL 9000 е само еден од примерите на навлегувањето на роботиката во нашите животи, макар и на ваков „сладок“ и језив начин.

Извор: Technabob, Engadget

Претходна статијаCERN работат на суперспроведувачки заштитен материјал за вселенски мисии
Следна статијаИнтел ги проширува можностите за развивачите, како што компјутерите се прошируваат во сите аспекти на живеење