shutterstock_243798025

Во интересен твист на образложението за човековото несамоуништување за време на Ладната војна, еден поранешен Аполо космонаут тврди дека истото било спречено од вонземјани.

Се работи за Едгар Мичел, космонаут кој е еден од ретките (6-ти) кои чекореле на Месечината. Земајќи предвид дека за космонаути не се земаат просечни луѓе, туку такви со исклучителни психофизички карактеристики, неговата изјава не можеме просто да ја отфрлиме како уште една „теорија на заговор“.

Едгар Мичел и предходно има давано слични изјави за медиумите. Во главно тој кажува дека вонземјаните биле активни на Земјата и сакале да ги дознаат борбените капацитети на САД и СССР, особено во делот на нуклеарното оружје, а неретко и се мешале во изведувањето на тестови со тоа што срушувале испалени ракети. Во последното интервју тој изјавува дека: „Моето искуство при зборување со луѓето ми покажа јасно дека вонземјаните се обидуваа да не’ спречат да одиме во војна и да помогнат да се воспостави мир на Земјата. … White Sands беше место за тестирање на атомски оружја – и токму во тоа беа заинтересирани вонземјаните. Тие сакаа да знаат за нашите воени способности“.

Edgar_Mitchell_cropped

Инаку, Мичел е роден и доста години од животот ги поминува во Росвел, Ново Мексико. Росвел е исто така познат меѓу истражувачите на НЛО и вонземско присуство како место каде се има случено инцидент со срушување на надгледувачки балон на воздушните сили на САД, настан кој некогаш се припишува како дело на НЛО-и. Баш во тој поглед тој изјавува: „Не ја знаете областа како јас“.

Мичел не е единствен од таков калибар на луѓе кој јавно изјавува дека постојат вонземјани кои не` посетуваат, туку е придружен од поранешниот канадски Министер за одбрана Пол Хелјер, кој изјави дека постои светски обид да се прикрие овој факт од страна на безбедносните агенции.

Се поставува прашањето дали ваквите тврдења имаат воопшто некаква основа да бидат точни, и ако да, што би барале вонземјаните кај нас при пропатувани огромни далечини? Можеби е само дел од нашата потреба да најдеме и некој друг во вселената, а можеби животот во вселената е толку редок што и самите вонземјани го сметаат за превреден за да му биде оставено да се самоуништи со нуклеарна војна…

Извор: Huffington Post, Mirror, IFLScience

Претходна статијаFacebook ги унапредува Notes, треба да прераснат во блог платформа
Следна статијаCERN работат на суперспроведувачки заштитен материјал за вселенски мисии