o-SOLAR-BOX-facebook

Двајца претприемачи во Британија на доста досетлив начин ги враќаат во живот иконските телефонски говорници трансформирајќи ги во соларни станици за напојување на мобилни уреди. Оваа акција е започната уште пред една недела во Лондон кога е откриена првата станица, а наместо претпознатливата црвена, старите говорници сега се со зелена боја. Новата услуга Solarbox е бесплатна, а можат да се опслужат и до 100 телефони или таблети на ден.

Напојувањето доаѓа од 33 инчен соларен панел сместен на покривот, додека останатите трошоци се покриени од рекламите што се емитуваат на екран во внатрешноста на станицата.

Оваа иницијатива е всушност проект на двајца дипломци на London School of Economics кои освоиле 5.000 фунти, односно 8.000 долари на претприемачки натпревар спонзориран од градоначалникот на Лондон Борис Џонсон.

Harold Craston и Kirsty Kenney велат дека уште како мали секојдневно ги забележувале овие телефонски говорници поставени низ улиците на Лондон. Идејата им дошла откако увиделе дека овие 8.000 комуникациски станици биле тотално неупотребливи и дека доколку нешто не се направи, ќе исчезне едно од најголемите знаменитости по кое Лондон е познат.

BRITAIN-ENERGY-OFFBEAT

Во денешно време луѓето можеби нема да влезат во телефонска говорница и да свртат телефон бидејќи џебовите ни се полни со уреди преку кои бежично комуницираме. Меѓутоа и тие направи треба некогаш да се наполнат и повеќе од сигурно доколку треба да викнете такси, а телефонот ви е празен секако дека ќе влезете во првата станица за напојување што ви е најблиску.

Секако се појавило и прашањето како соларни напојувачи ќе функционираат во претежно дождливи временски услови какви што впрочем преовладуваат во Британија. Претприемачите велат дека станиците имаат и батерии со чија помош работат деноноќно, па дури и кога времето е облачно и врнежливо.

Извор: NYtimes

Претходна статијаНекои примордијални супермасивни ѕвезди можеби не згаснуваат во црни дупки
Следна статијаТехнологијата на концентрирана сончева енергија