bmw-7-series-2015-04-20-02

Многумина од возачите што имаат гаражи, знаат дека по влегувањето со автомобилот, отворањето на вратата не е воопшто лесно и дека бара гимнастика. Освен ако немате голема гаража, нели. Решението на BMW е автоматско паркирање преку далечинско однадвор – вака, од автомобилот ќе излезете надвор од гаражата и после само со стискање на копче ќе му дадете команда на автомобилот сам да се паркира.

Инаку, денес многу автомобили веќе имаат можност за автоматско паркирање и таквиот систем се вградува дури и во помалите и поевтини класи на возила, но ова е прв систем кој може да се управува однадвор. Самиот далечински управувач е опремен со екран на допир и вклучува неколку други функции, како на пример пуштање на клима уредот и слично.

Покрај паркирањето со помош на далечински управувач, во новата BMW Серија 7, можно е да го видиме и првиот систем за управување со гестикулација на раката на функциите од мултимедијалниот систем. На пример, со ваквиот систем, возачот ќе може лесно да смени песна, да го попушти или намали гласот на аудио системот или пак да одговори на повик на телефонот, само со гестикулација, односно мафтање со раката.

bmw-7-series-2015-04-20-01

Системот ќе може да препознае дали возачот гестикулира со еден, два или повеќе прсти и со тоа да одреди која функција треба да ја лансира. Сопственикот на возилото ќе може и целосно сам да внесе нови гестикулации, кои се зачувуваат во меморијата на вградениот компјутер.

Ваквиот систем треба драстично да ја подобри безбедноста, бидејќи возачот нема да мора веќе да бара по копчињата во автомобилот или пак бесконечно да шета по менијата на екранот. Едноставно, главните функции ќе можат да се направат само со гестикулација од раката, што одзема многу помалку време и внимание.

Новата BMW Серија 7 треба да добие и други подобрувања, меѓу кои е и првата каросерија во класата изработена од карбон – фибер, која треба да донесе намалување на масата од 130 kg, но и големи заштеди во потрошувачката и намалена емисија на штетни гасови.

Извор: Engadget

Претходна статијаНорвешка ја прекинува употребата на FM радио во 2017
Следна статијаNokia со нови телефони веќе од идната година?