Lumia530-Press-04-970-80

Откога Microsoft ги зари своите шепи во Nokia и го откупи поголемиот дел од компанијата, брендот Nokia практично престана да постои со тоа што сите телефони и паметни уреди беа преименувани во Microsoft. Како последица на тоа повеќе од една година немаме видено Nokia уред на пазарот сè додека Nokia не го претстави N1 таблетот.

Nokia, според гласините, ќе се врати на пазарот во 2016 со цел да ја врати компанијата назад во живот. Наместо Windows Phone уреди Nokia ќе земе пример од успешноста на N1 таблетот и ќе продолжи со работа на оперативниот систем Android, а воедно ќе почнат со работа и со уреди за виртуелна реалност.

Оваа гласина е поддржана од протечените информации дека Nokia тестира Android уред, така што сигурно е дека Android е платформата на која Nokia ја гледаат иднината.

Иако според договорот со Microsoft, Nokia не смее да произведува паметни телефони самостојно, тоа може да се избегне доколку друга компанија ги произведува телефоните според плановите на Nokia, а според гласините компанијата која би ги произведувала би била задолжена и за дистрибуција и продажба.

Искрено, Nokia се познати по издржливост и иновативен дизајн, освен издржливоста иновативноста во дизајнот замре откога го склучија договорот со Microsoft, а се надеваме дека тоа ќе се смени и ќе видиме револуционерни уреди на пазарот, бидејќи моментално разликите помеѓу паметните телефони се гледаат само на брошурите.

Извори: TechnoBuffalo, TechRadar

Претходна статијаBMW 7 ќе може да се паркира и со далечинско
Следна статијаРеплики на Galaxy S6 се појавија на пазарот