open-source-syringe-pumps-3d-printed-1

Опремувањето на истражувачка лабораторија може да биде прилично скапо. Сега тим, воден од инженер на Michigan Technological University објави open-source библиотека од дизајни кои ќе им дозволат на научниците да ја намалат цената на најчесто користената опрема: шприц пумпи.

Овие пумпи се користат за испорачување на прецизна количина течност при давање лекови или мешање на хемикалии. Тие може да чинат стотици, дури и илјадници долари.

Joshua Pearce и неговиот тим од техничкиот оддел на факултетот во Мичиген ја објавија оваа библиотека со бесплатни дизајни на шприц пумпи кои секој може да ги изведе на RedRap 3D принтер. Единствениот трошок се материјалите кои ќе се користат за печатењето, а најголемата предност се прилагодливите дизајни.

Шприц пумпите се дизајнирани со користење на CAD софтвер, а произведени со RedRap 3D. Библиотеката ги содржи рецептите за повеќето делови од пумпата, а она што ќе треба да купите за да го изведете ова е мал електричен чекорен мотор, едноставен хардвер и самиот шприц.

Тимот отиде еден чекор понапред со инкорпорирање на Raspberry Pi компјутер со големина на кредитна картичка за да служи како безжичен контролер. Тоа значи дека истражувачите ќе бидат во можност да вршат контрола на експериментите дури и кога не се во лабораторијата.

Цената на чинење на целиот систем, вклучувајќи ги контролерот и веб-базираниот контролен интерфејс е приближно 5% или помалку од очекуваната цена на комерцијална пумпа со слични перформанси. 3D печатен систем со една пумпа ќе чини 50 долари, што ќе ги замени уредите што чинат од 250 до 2.500 американски долари. Систем со две пумпи ќе чини околу 120 долари, додека комерцијалните верзии може да достигнат цена и до 5 000 долари.

Според резултатите од спроведеното тестирање, пумпите биле во можност да произведат максимум сила од 200 њутни и 2,4 милилитри течност во секунда, што е импресивно.

Примената на open-source хардвер внесува уште поголеми редукции на цената на научните истражувања”, тврдат авторите.

Развојот на open-source хардвер има потенцијал радикално да ги намали трошоците за изведување на експериментални науки и да ги опреми дури и руралните клиники со високо-квалитетни научни алатки.

Истражувањето на овој тим е бјавено во PLoS One, а хардверската структура, дизајните и изворниот код за пумпите е достапен тука.

Извор: Gizmodo

 

Претходна статијаiOS 8 достапен за сите корисници, можни проблеми при надградбата
Следна статијаiCloud for Windows надграден со поддршка за iCloud Drive