ios-8-hero-image-1

Како што беше најавено, iOS 8 е достапен за сите корисници почнувајќи од вчерашниот ден. Тоа значи дека доколку сте корисник на iPhone 4 или понов, iPad 2 или понов и iPod Touch 5-та генерација, надградбата на оперативниот систем веќе треба да е достапна преку вашиот уред.

Процесот на надградба на системот е едноставен и после толку верзии сигурно веќе добро го знаете. Исто така сигурно знаете дека секогаш е паметно да направите бекап на сите важни податоци на уредот пред правење на надградбата, затоа што иако ретко се случува, проблеми сепак може да се појават при процесот и да ги изгубите податоците.

Доколку сепак не сте доволно запознаени, надградбите на iOS се прават на два начина. Едниот е ОТА, односно преку самиот уред, каде што во General делот од прилагодувањата избирате Software Updates, по што може да се каже дека работата понатаму самата се врши. Исто така надградбите можете да ги инсталирате и преку iTunes програмата која што е достапна за Mac и Windows. По поврзување на уредот преку USB кабел, доколку тоа го правите првпат, изберете го вашиот уред . Потоа изберете Check for Update на главната страна, по што доколку истата е достапна ќе можете да изберете истата да биде симната.

iphone_software_update

itunes_summary_device

Доколку не можете веднаш да ја симнете надградбата, не се чудете, интересот е голем, па истата ќе биде пуштана за корисниците во текот на денот, но и деновите што следат. Во нашиот случај, надградбата е ставена во статус „Надградбата е побарана“ со известување дека истата ќе биде симната и ќе бидеме известени кога активноста ќе заврши.

Една од ситуациите кои што е можно да ви се случат е недоволно простор за инсталирање на надградбата која што бара да имате скоро 5 GB слободен простор на уредот за истата да може да се инсталира, а тој простор за iPad уредите е нешто поголем. Самата надградба се разбира не е толку голема, меѓутоа просторот кој што е потребен при инсталирање е истакнатиот. Едно од решенијата за овој проблем, доколку не сакате да ги префрлате вашите податоци во облакот или на компјутерот, е да ја инсталирате надградбата преку iTunes на вашиот Mac или Windows PC. Фајлот ќе биде симнат и отворен на компјутерот, па потребниот простор на вашиот уред нема да биде проблем.

Поради големиот број на новости во осмата верзија од овој популарен оперативен систем, бројот на уреди кои што веќе работат на оваа верзија е стигнат до 14% после само еден ден од официјалното пуштање. Ова е нешто на кое што другите платформи можат да позавидат, но Apple секогаш биле добро организирани кога се работи за туркањето на најновата верзија од оперативниот систем на повеќето уреди. Сепак според други извори, прифаќањето на оваа верзија е најмала до сега во споредба со iOS 7, на пример.

Претходна статијаWiper – Chat апликација која се грижи за вашата приватност
Следна статија3D печатени медицински уреди драстично ги намалуваат трошоците за научните истражувања
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.