Изглед на потенцијална идна Месечинска база

Европската вселенска агенција (ESA) ја разгледува идејата идните живеалишта на Месечината да бидат делумно „испечатени“ со 3D печатач наместо да се носат целосно од Земјата. Така би се постигнала заштеда на материјали, гориво за полетувањето како и простор на леталото кое поради тоа може да биде помало.

Во својата основа, идејата се базира на следното: модул кој би се донел од Земјата ќе се смести на површината на Месечината и потоа ќе се надува, добивајќи форма на полутопка. Потоа, неколку автоматизирани роботи со вграден 3D печатач ќе го покријат надуваниот модул со „испечатена“ површина која се базира на месечевата прашина. Овој слој би заштитувал од штетното радиоактивно зрачење, мали метеорити кои удираат по површината како и би помогнал во одржувањето на температурата внатре во базата. Според Скот Ховланд од ESA, „3D печатењето нуди потенцијал за оформување на човечка населба на Месечината со намалена логистика од Земјата“. Со ваквиот план само 10% од материјалите за базата ќе бидат пратени од Земјата што е значителен исчекор.

Ваквата база би се сместила во Шеклтон кратерот кој се наоѓа на позицијата на „вечно светло“ т.е. позиција на Месечината каде има скоро константно светло од Сонцето што ќе овозможи поверлив извор на електрична енергија користејќи сончеви панели.

Во продолжение погледнете го видеото кое што ЕВА го издаде за да го демонстрира овој концепт

Извор: NASA, RT

Претходна статијаКој ни ги „подари“ паметните телефони!?
Следна статијаMicrosoft претстави кратко teaser видео пред утрешното претставување на Lumia телефон