microsoft-more-lumia-1

Microsoft утре официјално ќе го претстави првиот паметен телефон кој што ќе го носи новиот бренд Microsoft Lumia на местото на Nokia. Информации за тоа колку уреди ќе бидат претставени и какви би биле карактеристиките нема, па останува тоа да го дознаеме на утрешното претставување. Како што знаете Microsoft реши да престане да го користи името Nokia во своите производи кое што имаше право да го користи уште одреден период, па го најави новото брендирање со Microsoft Lumia.

Според неофицијалните информации кои што секогаш се достапни пред претставување на некој производ, се верува дека ќе биде претставен телефон од средната ниска класа. Сепак она што доста корисници се надеваат е дека ќе биде претставен и телефон од повисоката класа, како што е на пример Lumia 1330 модел или можеби и наследник на годинешниот Lumia 930 модел кој што можеби би бил наречен Lumia 940.

Што би сакале Microsoft да претстави на утрешниот настан и дали доколку не сте корисник на некој Windows Phone уред, размислувате да станете во периодот што следи ?

Извор: YouTube, Windows Central

Претходна статијаДа се испечати 3D база на Месечината – добра идеја според ESA
Следна статијаLG G3 ќе го добие новиот Android 5.0 Lollipop почнувајќи од оваа недела
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.