Xiaomi го претстави одличниот Mi 11 при крајот на минатата година, а овој модел сега ја добива и својата Ultra варијанта, која може да се каже дека привлекува најмногу внимание кај корисниците, без разлика кој е производителот. Ultra верзиите го донесуваат најдоброто во моментот од производителот, па преку нив може да се види до каде е технологијата кај мобилните.

Xiaomi Mi 11 Ultra доаѓа со главен акцент ставен на камерите, а тоа може да се види и по модулот за истите кој е досега најголем што го имаме видено. Причината за тоа не се само камерите, кои ги има три, туку е вградувањето на посебен екран до нив.

Екранот, кој е со големина од 1,1 инч и има резолуција од 294 на 126 пиксели, е замислен да се користи при сликање на селфи слики, а исто така на него може да се гледаат достапните известувања или да се користи едноставно како „always on display“. Направен е со OLED технологија и веруваме дека најчесто ќе се користи за сликање на селфи слики со задните камери.

Трите камери кои се дел од Xiaomi Mi 11 Ultra ги вклучуваат главната камера со 50 мегапиксели и доста голем сензор од 1/1,12 инчи, потоа ултра широка камера со 48 мегапиксели, како и уште една камера со 48 мегапиксели наменета за зумирање до 5 пати.

Останатите карактеристики на Mi 11 Ultra се како што би очекувале, односно Snapdragon 888, 12GB RAM, 256GB простор за податоци и голема батерија со капацитет од 5.000 mAh. Батеријата може да се полни со брз полнач со 67W, а од Xiaomi истакнуваат дека целата батерија може да се наполни за само 36 минути.

Екранот на Mi 11 Ultra е со големина од 6,8 инчи и има резолуција од 1440p, што е одлично, а тука е и стапката на освежување од 120 херци. Екранот се разбира, направен е во OLED технологија.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаМакедонски Телеком за прв пат воведува еСИМ технологија
Следна статијаPayPal ја воведе услугата „Checkout with Crypto“ за корисниците во САД
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.