Македонски Телеком продолжува да ги следи најновите светски  дигитални трендови  и, за прв пат на пазарот, воведува еСИМ – вградена електронска картичка, еволуција во СИМ технологијата.

Со својата „нематеријална” природа, еСИМ отвора можности за далечинска активација на производи и услуги и претставува чекор поблиску кон воспоставувањето целосно дигитални процеси. Традиционалните СИМ картички, коишто беа обележје на мобилните комуникации од нивните почетоци до денес, полека заминуваат во историјата.

Оваа технологија овозможува  користење повеќе мобилни линии на еден уред, како и целосно независно користење дополнителни уреди за кои досега беше  неопходна Bluetooth конекција со телефонот.

Воведувањето на еСИМ отвора нови можности во доменот на Интернет на нештата (IoT) со можност за обезбедување мобилна комуникација со секаков тип уреди коишто ќе можат далечински да се активираат.

Се активира едноставно со скенирање QR  код, со што еСИМ профилот се презема преку интернет, криптиран, за да се обезбеди највисоко ниво на сигурност. 

За користење на оваа  технологија потребен е уред којшто поддржува еСИМ, а во наредниот период се очекува таа да стане стандард поддржан од секој уред. Сите постпејд корисници на Македонски Телеком можат да користат еСИМ.

Покрај револуционерна технолошка иновација, еСИМ претставува и зелена технологија и еколошка иновација којашто ќе придонесе за зачувувањето на животната средина. Со самиот факт што со еСИМ картичката станува профил-софтвер,  повеќе нема потреба од пликоа и пластични картички.

Македонски Телеком инвестираше во создавањето технички услови за користење еСИМ во нашата земја за да им понуди на своите корисници една од  најсовремените  технологии достапни во моментов. еСИМ е имплементирана во соработка со Дојче Телеком и се очекува да стане глобален тренд во наредните години.

Претходна статија„СТАВИ ПОЈАС!” – е пораката која деновиве ја испраќаат до граѓаните голем број на новинари, водители, спортисти, актери и други јавни личности
Следна статијаXiaomi го претстави Mi 11 Ultra со огромен дел за камерите кој има и мал екран