PayPal

Корисниците во САД кои имаат криптовалути, ќе можат да почнат да ги користат истите за да плаќаат прек PayPal. При поминувањето на стандардниот процес на плаќање со PayPal на некоја страна, корисниците сега ќе можат да изберат од неколку достапни криптовалути со кои ќе можат да ја платат потребната сума.

На корисниците ќе им бидат достапни неколку кроптовалути, односно Bitcoin, се разбира, Ethereum, Litecoin и Bitcoin Cash. При изборот на некоја од овие криптовалути, вредноста ќе им биде конвертирана во долари, по што ќе можат да ја платат услугата или производот кој го купуваат. PayPal истакнува дека за конвертирањето и трансакцијата тие нема да наплаќаат провизија.

Доколку тоа што го купуваат, односно страната не прима долари, вредноста ќе им биде конвертирана во локалната валута. Исто така, нема да може да се користат неколку криптовалути за едно купување, односно ќе мора да се избере една.

Оваа новина доаѓа по воведувањето на можноста корисниците да купуваат и продаваат криптовалути директно од нивната PayPal сметка. Оваа можност беше воведена минатата година, а сега овие криптовалути корисниците ќе можат и реално да ги употребат.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2PayPal
Претходна статијаXiaomi го претстави Mi 11 Ultra со огромен дел за камерите кој има и мал екран
Следна статијаНад 200 корисници ја покажаа својата креативност и се вклучија во Halk Huawei App Screenshot предизвикот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.