Фабрика на TSMC во Тајван / Фото: Shutterstock.com

Еден од најголемите производители на чипови во светот, а познати и по нивната напредна технологија, TSMC, ја започна изградбата на својата прва фабрика во САД. Истата треба да започне со работа во 2024 година, додека уште една фабрика се планира и за 2026.

Фабриките ќе бидат изградени во градот Феникс во сојузната држава Аризона, а на отворањето на првата беа присутни директорот на Apple, Тим Кук, како и претседателот на САД, Џо Бајден.

Apple се едни од најголемите клиенти на TSMC, а тоа посебно стана случај по развојот на сопствен чип за компјутерите од страна на компанијата кој се покажува одлично изминатите години. Apple производството на чиповите го прави во фабриките на TSMC, кои се стигнати до 5nm технологија, а во новите фабрики се планираат наредните генерации, односно 4 и 3nm технологии.

Присуството на претседателот Бајден е поради поддршката која ја даваат од федералната влада за намалување на зависноста на земјата од чипови кои се прават во странство. Корона кризата покажа колку проблеми може да се појават на тој план, а тоа посебно доаѓа до израз оваа година кога во Кина не се трга идејата за 0 ковид и продолжуваат едни од најлошите затворања во изминатите години.

Федералната влада овозможува субвенции за отворање на фабрики за чипови во САД преку закон донесен во август оваа година наречен „CHIPS and Science Act“.

TSMC ќе инвестира околу 40 милијарди долари за изградба на фабриките, а производството сепак ќе биде мал процент од вкупното кое го има компанијата. Целта е да потребите за американските компании биде во голем дел задоволено од земјата, а овие две фабрики ќе го овозможат тоа.

Покрај Apple, како главен клиент, како големи клиенти на TSMC во нивните фабрики во САД ќе бидат и AMD и Nvidia кои веќе најавија купување на чипови.

Треба да се нагласи дека TSMC се само фабрика која ги прави чиповите, а тие се дизајнирани од други компании. Процесот и технологијата на производство се доволно важен дел, што оваа компанија се проби како можеби најдобрата во светот.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаGoogle воведува континуирано „скролање“ кај резултатите од пребарување на десктоп
Следна статијаSwiftKey на iOS ја доби првата надградба по враќањето на апликацијата во App Store
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.