Фото: Shutterstock.com

При разгледување на резултатите од пребарувањата на Google, корисниците ќе можат да видат повеќе резултати на една страна. Google воведе таканаречено „continuous scrolling“, кое овозможува да се продолжи со гледање на резултати кога ќе се дојде до досегашниот крај на првата страна.

Ова континуирано прикажување на резултатите нема да биде неограничено, како што е кај некои страни, па корисниците после 6 продолжувања ќе дојдат до старото копче за одење на наредната страна.

Овој начин ќе овозможи да може да се видат повеќе резултати кога нешто се пребарува, а познато е дека ретко кој обично ја отвора наредната страна.

За почеток оваа новина им е пуштена на корисниците во САД, за пребарувања на англиски, а со тек на време може да се очекува пуштање за повеќе корисници во светот.

„Почнувајќи од денес, носиме континуирано „скролање“ на десктоп за да можете да продолжите да гледате покорисни резултати од пребарувањето со помалку кликови. Сега е уште полесно да се инспирирате со повеќе информации“, изјави портпаролот на Google за Search Engine Land.

Инаку, оваа новина беше пуштена на мобилните минатата година, па добро е што од Google им текна и на десктоп компјутерите.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаШто научивме од овогодишната конференција за е-трговија?
Следна статијаTSMC отвора фабрика за чипови во Аризона, САД
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.