Дека познатиот кинески бренд OnePlus ќе влезе на пазарот на уреди кои се преклопуваат, може да се смета како повеќе од сигурно. Покрај тоа што вакви уреди веќе неколку пати се претставени од компанијата мајка Oppo, директорот на OnePlus прикажа мал уред кој наликува на механизам за уреди на преклоп.

Според ново регистрирани имиња во кинеското регулаторно тело за интелектуална сопственост CNIPA – China National Intellectual Property Administration, OnePlus дефинитивно ќе претстави уреди на преклоп, а сега ги имаме и потенцијалните имиња на овие уреди.

Имињата кои се регистрирани се OnePlus V Fold и OnePlus V Flip. Од нив се гледа дека OnePlus планира да претстави два уреди на преклоп и да понуди конкуренција за двата вида на уреди кои веќе ги има на пазарот.

OnePlus V Fold треба да биде уред кој се претвора од смартфон во мал таблет, додека OnePlus V Flip треба да биде смартфон кој се преклопува за полесно носење.

Нема дополнителни информации за карактеристиките на овие уреди, но очекуваме дека како пример може да се земат уредите од Oppo, барем за едниот од двата. Oppo претставува уреди кои се прилично мали и тенки, како и со механизми кои не оставаат простор за креирање на „фалта“ на делот од екранот кој се превиткува. Со други зборови, може да се очекуваат доста добри уреди од OnePlus во периодот што следи.

ИЗВОР9to5Google
Претходна статијаSamsung, во соработка со наградуваниот режисер Чарли Кауфман, го претставува врвното искуство со Galaxy камерата
Следна статијаДоделена главната награда – Опел Астра од наградната игра на Телеком: „Телеком наградува“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.