Oppo го има еден од уредите кои најдобро му конкурираат на Samsung и нивната Galaxy Z Fold серија. Oppo Find N, кога беше претставен минатата година, привлече големо внимание, а посебно со форматот и мала фалта која се појавува на делот каде се превиткува екранот.

Форматот кој го користи Oppo овозможува корисниците да добијат најблиско што може корисничко искуство со смартфоните, односно помалиот надворешен екран е поширок во споредба со конкурентите.

Новата генерација, Oppo Find N2, го задржува стилот и дизајнот на ланскиот модел, со делумни промени, но доаѓа со 67% помала фалта, како и со тврдење од страна на Oppo дека е најлесниот ваков уред на пазарот.

Oppo Find N2 тежи 233 грама, што е за 42 грама помалку од ланскиот модел, како и 30 грама од некои од конкурентите како Galaxy Z Fold.

Големината на надворешниот екран е малку поголема поради намалувањето на рамките, па Find N2 доаѓа со 5,54 инчен надворешен екран и 7,1 инчен надворешен екран, односно екран кој се превиткува.

Резолуцијата на надворешниот екран е 1920 на 1792 пиксели и има стапка на освежување од 120 херци. Оваа година Oppo донесува и поддршка за пенкалце.

Oppo Find N2 работи на Snapdragon 8+ Gen 1, што значи дека може да се очекуваат одлични перформанси, скоро слични како кај најновата генерација на чипови. На задната страна поставени се три камери, главна со 50 мегапиксели и f/1.8, ултра широка камера со 48 мегапиксели, како и телефото камера со 32 мегапиксели. Селфи камерата на предната страна е со 32 мегапиксели.

Oppo нагласува дека новиот механизам за преклопување може да издржи 400.000 преклопувања при нормални услови, што е повеќе од доволно за користење од повеќе години на уредот.

Oppo претстави и конкурент на Galaxy Z Flip серијата, Find Flip N2 кој доаѓа со 3,26 инчен надворешен екран за кого од компанијата тврдат дека е најголемиот ваков екран кај вакви уреди.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаTikTok тестира хоризонтален видео формат на целиот екран
Следна статијаSkype на мобилните добива нов редизајн со освежен изглед
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.