Имет Имери од Скопје е добитник на најновиот модел Опел Астра, главната награда од наградната игра на Македонски Телеком „Телеком наградува“. Имет е припејд корисник на Македонски Телеком и денес ги доби клучевите од својот нов автомобил.

Во наградната игра којашто траеше од 21.11.2022 до 09.1.2023 учествуваа 52.000 припејд и постпејд приватни корисници, со бесплатно регистрирање преку апликацијата Telekom MK, а секој регистриран учесник добиваше и 5 GB мобилен интернет.

Освен главната награда, Опел Астра, Македонски Телеком доделуваше и по еден T Phone смартфон дневно, со што вкупно се доделени 50 TPhone смартфони.

Сите добитници се објавени на веб страницата на Македонски Телеком.

Претходна статијаТелефоните на OnePlus на преклоп изгледа ќе бидат наречени OnePlus V Fold и OnePlus V Flip
Следна статијаCanonical ја пушти Ubuntu Pro претплатата за корисниците кои сакаат поголема безбедност на нивниот систем