Една од најпознатите Linux дистрибуции, која е направена на основа на Debian, е познатата Ubuntu. Оваа верзија од Linux со години е одлична алтернатива за корисниците кои не сакаат да го користат Windows, па дури ни macOS.

Покрај како алтернатива за корисниците, Ubuntu веќе одамна е главниот избор на голем број компании, а посебно тие кои работат со сервери, апликации, програмирање и слично.

Пуштена минатиот октомври во бета верзија, Ubuntu оваа недела официјално ја добива Ubuntu Pro верзијата достапна за компаниите, но и за обичните корисници. Оваа верзија може едноставно да се вклучи на било која од поддржаните LTS верзии, односно од верзија 16.06 LTS, па сите наваму.

Кратко кажано, Ubuntu Pro не е посебна верзија од оперативниот систем, односно се работи за претплата која вклучува подолга поддршка, како и повеќе безбедносни алатки.

На пример, Ubuntu LTS верзиите обично добиваат 5 години поддршка, додека Ubuntu Pro на корисниците ќе им овозможи 10 години поддршка. Ова за некои компании претставува незаменлива стабилност поради можноста да се користи истата верзија од системот, а ажурирања се прават само за безбедносните функции.

Дополнително, Ubuntu Pro има поддршка за вкупно 23.000 „пакети“ од Ubuntu Univsrse repository, што е за десет пати повеќе од стандардните верзии. Корисниците исто така добиваат и одредени алатки за усогласување со одредени безбедносни стандарди, како и засилување на безбедноста.

Посебно се истакнува Kernel Livepatch сервисот кој овозможува брзи надградби на „кернелот“ со безбедносни закрпи, без потреба од рестартирање на системот и прекин на работата.

Од Canonical истакнуваат и дека веќе брзиот процес на CVE закрпи, кај Ubuntu Pro ќе биде уште побрз и поажурен.

Кратко кажано, Ubuntu Pro е претплата која е замислена за корисниците кои сакаат да бидат сигурни дека имаат безбеден систем. Претплатата за еден компјутер изнесува 25 долари годишно, додека за серверите изнесува 500 долари годишно по сервер.

Ubuntu Pro исто така е достапен и преку партнерите на Canonical, односно преку AWS, Azure и Google Cloud. Наплатата во тој случај се прави преку правила на тие компании.

Малите корисници можат бесплатно да го користат Ubuntu Pro, односно за лична употреба или мали компании до 5 компјутери.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Ubuntu
Претходна статијаДоделена главната награда – Опел Астра од наградната игра на Телеком: „Телеком наградува“
Следна статијаЦЕФТА почнува да ги применува преодните правила од 1 февруари 2023 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.