Директорот и ко-основач на OnePlus, Пит Лау, на Twitter објави две слики и го постави прашањето „Што мислите дека е ова?“. Со оглед на тоа дека неговата компанија е на пазарот на смартфони, не е тешко да се претпостави што може да е тоа на сликите.

Механизам за уред на преклопување е првата претпоставка која најверојатно е точна, па оваа објава може да се земе како најава за претставување на еден ваков уред. Интересно, иако имаше неколку информации и потврда дури за влезот на OnePlus на овој пазар, досега не можевме да видиме ништо повеќе.

Според изгледот на механизмот на сликите може да се претпостави дека се работи за уред во стилот на Galaxy Z Fold, односно уред како Oppo Find N. Се верува дека уредот од OnePlus ќе биде доста сличен со тој од Oppo, со оглед на тоа што овие две компании се под еден сопственик, а минатата година OnePlus стана дел од Oppo, задржувајќи го својот посебен бренд.

Oppo Find N е уред на преклоп кој привлече големо внимание, а најмногу поради форматот на екраните. Овој уред може слободно да се користи како обичен смартфон поради доволно широкиот екран, нешто кое беше мала забелешка за најпознатиот Galaxy Z Fold.

Исто така, механизмот за преклоп е поразличен и овозможува двата дела од уредот да се спојат целосно и со тоа да е добие потенок формат кога е затворен.

Не би требало уредот на OnePlus да биде целосно ист со тој на Oppo, а посебно што се очекува дека ќе биде претставен дури идната година, односно две години после тој од Oppo, но сепак се очекува дека ќе биде направен на основа на таа технологија.

Кога ќе се земе овој факт во предвид, може да се очекува доста добар уред кој ќе донесе одлична конкуренција на пазарот. Останува само да се види каква ќе биде достапноста во светот.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статија​Деспотовски: Не даваме пари однапред – компанијата има рокови и обврски кои треба да ги исполни
Следна статија„Макпетрол“ – 75 години движечка енергија на македонската економија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.