Фото: Shutterstock.com

Новата генерација од iPhone телефоните, односно iPhone 14 серијата, беше претставена пред два месеци. Обично гласините за наредната година почнуваат барем од пролет, но оваа година веќе има доволно информации за што е тоа што може да се очекува од iPhone 15 серијата.

Дечките од MacRumors одлично ги имаат сумирано сите досегашни гласини и информации за iPhone 15, па еве што уште од сега можеме да очекуваме од Apple идната година.

iPhone изгледа конечно ќе добие USB-C приклучок, а поради новиот закон во ЕУ кој го бара тоа од сите производители од 2024 година. Apple потврдија дека, иако не се баш среќни за тоа, ќе ги почитуваат законите, па без разлика дали USB-C ќе се користи во целиот свет, тоа можеме да го очекуваме за нашата земја.

Според други гласини Apple можно е да изјавата за почитување на законот ја применат на друг начин, не преку користење на USB-C, туку преку целосно тргање на приклучоците и користење на безжичен, MagSafe полнач. Ова е нешто што одамна се најавува како можност, па законот од ЕУ може конечно да го донесе на пазарот, ќе видиме.

Втората работа која се очекува за идната година е користење на Dynamic Island исечокот кај сите модели. Ова е во правец на неофицијалните најави за наредните неколку години според кои во 2024 година основните модели ќе продолжат да го користат Dynamic Island исечокот, додека Pro моделите ќе имаат Face ID под екранот, па само камерата ќе остане во мала дупка, како што тоа сега го прават Android производителите.

Инаку, Dynamic Island моментално е достапен кај iPhone 14 Pro моделите и иако физички не изгледа како нешто посебно, Apple одлично се сетија да додадат анимации и информации околу него.

Наредно што може да се очекува од iPhone 15 серијата е замена на копчињата со „цврсти“ копчиња. Овие копчиња би биле слични на тоа како функционира „тракпадот“ кај MacBook, односно Home копчето кај iPhone 7, па со притискање на мазниот дел вибрации оставаат впечаток како да е притиснато копче.

Се верува дека Apple на овој начин ќе може да ја подобри отпорноста на вода и прашина, со оглед на тоа што веќе нема да има копчиња и просторот кој го имаат тие кон внатрешниот дел од уредот.

За iPhone 15 се очекува дека конечно ќе ги донесе „перископ“ камерите за корисниците на Apple, со што тие ќе можат да зумираат повеќе од три пати и ќе ги стигнат Android корисниците.

Друго што се најавува е задржување на големините на четирите модели, промена на името на Pro Max моделот во Ultra, повеќе RAM, како и A17 Bionic чип кој ќе биде направен во 3nm технологија од TSMC и подобрување на перформансите до 15% со заштеда на енергијата до 30%.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаЗапочнува 7-мата Недела на италијанска кујна во Скопје од 10 – 13 ноември
Следна статијаSignal апликацијата за безбедни разговори ја воведе Stories функцијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.