Фото: Shutterstock.com

На почетокот од овој месец Европскиот Парламент го изгласа законот кој, покрај другите работи, бара од производителите да го користат USB-C приклучокот кај нивните уреди. Обврската ќе почне да се применува од 2024 година, а вниманието разбирливо се насочи кон Apple кои се можеби и последните кои не го користат овој приклучок кај нивните iPhone телефони.

За време на годишната Tech Live конференција од The Wall Street Journal, говореа вишиот потпретседател за софтверско инженерство Крег Федериги, како и Грег Џосвиак виш потпретседател за светски маркетинг.

Грег Џосвиак кажа дека од компанијата ќе се придржуваат до одлуката на ЕУ, но не кажа дали тоа ќе значи префрлување на USB-C за сите пазари во светот или само во Европската Унија. Како одговор на тоа прашање тој кажа дека од него се бара да ја предвиди иднината, што значи дека од компанијата уште ја немаат донесено одлуката за ова.

Очекувано од Apple не се задоволни што се приморани да го променат приклучокот кој го користат, а тие се одамна познати по користењето на сопствени решенија, нешто што и самите го кажаа за време на конференцијата.

Иако од компанијата користењето на нивниот приклучок го поврзуваат со иновација, можеби тоа било така при неговото воведување, сепак едно од главните причини поради кои се верува дека Apple имаат отпор кон користењето на USB-C е парите кои ги добиваат од огромниот број на додатоци за iPhone кои го користат Lightning приклучокот.

На конференцијата Крег Федериги говореше на тема рекламирање и приватност, односно одлуката на Apple да ја воведат функцијата која им овозможува на корисниците да изберат дали сакаат да им дозволат на апликациите да ја следат нивната активност на телефонот. Ова беше „контроверзна“ одлука која ги намали приходите на Meta и слични компании за доста голем процент.

ИЗВОРWSJ
Претходна статијаКои се главните новини кои доаѓаат со macOS Ventura
Следна статијаСоопштение од Сојузот на средношколци по дојавите за бомби во пет средни училишта во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.