Фото: Shutterstock.com

Сојузот на средношколци е загрижен од денешните дојави за поставени бомби во пет средни училишта во Скопје. Во последниот период јавноста сведочеше на слични дојави за бомби во училишта и болници во соседна Р. Србија. Сојузот ја поздравува брзата акција на безбедносните служби.

Ограноците на Сојузот нè информираа дека евакуацијата е целосно спроведена, а настава нема да има за учениците од втората смена.

Сојузот на средношколци апелира на зголемување на безбедноста во средните училишта. Ги повикуваме нашите соученици да бидат смирени бидејќи паниката е нашиот најголем непријател во овие ситуации. Безбедносните и училишните служби да бидат професионални и методични во работењето за да се заштитат средношколците и сите останати вклучени во образовниот процес.

Претходна статијаApple официјално го потврди прифаќањето на USB-C приклучокот кај iPhone
Следна статијаGalaxy S22 серијата почна да ја добива One UI 5 надградбата базирана на Android 13