По најавата од страна на Samsung пред нешто помалку од две недели, Galaxy S22 серијата започна да ја добива надградбата на најновата верзија од One UI, поточно One UI 5 со која доаѓа и Android 13 верзија кај корисниците на Samsung.

Според информациите, први надградбата ја добиваат корисниците со Exynos чип, што значи дека корисниците во Европа и нашата земја треба веќе да ја имаат добиено или да ја добијат во деновите што следат.

Наредниот месец ќе донесе поголема листа на уреди кој ќе ја добијат One UI 5 надградбата, односно се очекува истата да им стане достапна на корисниците на Galaxy Z Fold4 и Fold3, Galaxy Z Flip4 и Flip3, Galaxy S21 серијата, Galaxy S20 серијата, како и Note 20, Galaxy A53 и A33. Во декември процесот ќе продолжи со дополнителни уреди, а се очекува негово завршување во јануари и февруари идната година.

One UI 5, кој е базиран на Android 13, донесува не толку мала листа на промени, иако не се работи за поголема надградба која драстично го менува корисничкото искуство.

Дел од новините кои корисниците може да ги очекуваат ги вклучува Routines функцијата која автоматски ќе започнува одредени активност, Modes функцијата која ќе овозможува прилагодувања врз основа на што е тоа што го прави корисникот, подобрувања кај „заклучениот екран“, подобрувања кај „виџетите“, повеќе избор во делот за позадини и слично.

Кога ќе ја добиете надградбата, Samsung прилично детално ги има наброено новините, па преку овој дел може да се добие дополнителна претстава што да се очекува.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаСоопштение од Сојузот на средношколци по дојавите за бомби во пет средни училишта во Скопје
Следна статијаSurface Duo уредите од Microsoft надградени со Windows 11 дизајн елементи и Android 12L
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.