Нашиот Galaxy S9 утрово имаше известување од апликацијата „Find My Mobile“ со само една информација, а тоа беше бројката „1“. Се зачудивме што е, дали можеби се работи за некој „хак“, некој проблем со приватноста или слично, а посебно кога притискањето на известувањето не направи ништо.
Сепак, испадна дека известувањето било по грешка пратено на сите корисници во светот од страна на Samsung. Тие за корејски портал истакнале дека се работело за тест којшто не излегол како што треба.
Со оглед на информациите, доколку сте корисник на некој од Galaxy телефоните, шансите се дека го имате добиено ова известување и се имате зачудено што тоа значи. Сега можете да бидете мирни дека не е нешто што претставува некаков проблем.