OnePlus преку Weibo најавија дека нивниот OnePlus 11 ќе биде првиот смартфон кој ќе работи на ново претставениот Snapdragon 8 Gen 2. Тие во објавата исто така истакнуваат дека телефонот ќе биде првата отворена платформа која ќе има „ray tracing“ на мобилните.

Qualcomm ја претстави втората генерација од Snapdragon 8 серијата на чипови во текот на вчерашниот ден. Од тоа што можеше да се види од најавата и карактеристиките, Snapdragon 8 Gen 2 ќе биде еден од најдобрите чипови изминатите години, со доволно зголемување на перформансите и намалување на потрошувачката.

Тука е и поддршката за хардверски „ray tracing“ со што корисниците кои играат игри преку нивниот смартфон, можат да очекуваат големо подобрување во графиката на игрите.

Од Qualcomm најавија дека првите уреди со Snapdragon 8 Gen 2 може да се очекуваат до крајот на годината и ги најавија производителите кои ќе го направат тоа. OnePlus беше на таа листа заедно со ASUS ROG, Honor, iQOO, Motorola, Nubia, Oppo, REDMAGIC, Redmi, Sharp, Sony, vivo, Xiaomi, Meizu и ZTE.

Samsung ги нема на оваа листа, но тоа е зошто од компанијата ќе ја претстават нивната Galaxy S23 серија дури во февруари, а има најави дека овие телефони ќе имаат посебна верзија од чипот со нешто поголема фреквенција на најсилното Cortex-X3 јадро.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаNetflix овозможи преглед на уредите и локациите кои се поврзани на сметката
Следна статијаСпоред резултати од неофицијални тестови, Qualcomm уште не може да ги стигне Apple во перформансите на нивните чипови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.