Qualcomm го претстави Snapdragon 8 Gen 2 оваа недела и најави дека првите уреди кои ќе работат на овој чип може да се очекуваат до крајот на годината. OnePlus веќе најавија дека тие ќе бидат првиот производител кој ќе претстави смартфон со новиот Snapdragon 8, а тоа ќе биде OnePlus 11.

Ова значи дека уште немаме телефони на пазарот кој може да ги тестираме, барем преку достапните „бенчмарк“ апликации, но веќе излегуваат неофицијални тестови.

Ако се земе како мерка објавениот тест од страна на DealNTech, со сите подобрувања кои ги има Snapdragon 8 Gen 2, Qualcomm повторно не може да ги помине перформансите, па дури и да ги стигне, на чиповите од Apple.

Според резултатите, дури и ланскиот чип од Apple има подобри резултати од најновото од Qualcomm.

Ако се споредат резултатите од Geekbench, Snapdragon 8 Gen 2 има резултат од 1483 за едно јадро, односно 4709 за повеќе јадра. A16 Bionic од Apple, кој користи iPhone 14 Pro серијата, има резултат од 1874 за едно јадро и 5372 за повеќе јадра.

Иако ова е случајот секоја година, ќе оставиме сепак простор Snapdragon 8 Gen 2 официјално да биде достапен преку некој смартфон, па тогаш да ги видиме резултатите.

Без разлика дали овие резултати ќе се покажат како точни, сепак подобрувањата кај Snapdragon 8 Gen 2 се доволно големи да корисниците не можат да не бидат задоволни. Сепак, добри се коментарите кои кажуваат дека моќта на Apple чиповите не може да се искористи целосно, а главната предност е во годините на достапни надградби во иднина.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаOnePlus 11 ќе биде еден од првите смартфони кои ќе работат на новиот Snapdragon 8 Gen 2
Следна статијаWindows 11 ќе добие назад една доста важна можност на „таскбарот“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.