По прикажувањето на дел, задниот дел, од телефонот од страна на директорот на компанијата, OnePlus во текот на вчерашниот ден го претстави третиот за оваа година OnePlus 7T.

Новиот уред е карактеристично направен за оваа кинеска компанија. Тоа значи дека се вградени најдобрите моментално достапни компоненти, екранот е одличен, а сето тоа се добива за цена од само 600 долари.

Иако се работи за кинеска компанија, за разлика од Huawei, оваа нема проблеми со американската влада, па овој модел ќе биде достапен и во оваа земја.

Како што се очекуваше, OnePlus 7T доаѓа со 6,55 инчен екран, меѓутоа повторно со резолуција која не е поголема од Full HD. Иако според некои поголемата резолуција не може да се забележи, јас не би се сложил со ова тврдење кога се во прашање мобилните уреди. Нив ги користиме блиску до нашите очи, па поголемата резолуција сепак прави разлика, а посебно при читање.

Екранот сепак има една голема предност, а тоа е стапката на освежување од 90Hz, со што повторно од OnePlus може да се очекува „мазно“ искуство при работата, а на тоа треба да се додаде и поддршката за HDR10+.

OnePlus 7T работи на Snapdragon 855+, што значи дека има нешто подобри перформанси од „обичниот“ чип, а тука е и подобрениот графички чип. RAM меморијата вклучува 8GB, а просторот за податоци 128GB. За перформансите придонесува и UFS 3.0 просторот за податоци, со што може да се гарантира поголема брзина при работата.

На задната страна, во одлично дизајнираниот и претходно најавен кружен модул за камерите, се сместени 3 камери. Тие вклучуваат сензори од 48 мегапиксели, 16 и 12 мегапиксели, со посебен режим за сликање во темни услови.

Брзото полнење, кое повторно не вклучува и безжично, е подобрено, па OnePlus 7T може да се наполни за еден час, барем така истакнуваат од OnePlus, што е 23% побрзо од претходната генерација.

Претставувањето на телефонот можете да го гледате на видеото во продолжение и истото не е многу долго, што значи може да се изгледа без проблем.  

ИЗВОРOnePlus
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаWindows 10 ја достигна бројката од 900 милиони уреди
Следна статијаТри апликации со кои ќе ја зголемиш својата продуктивност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.