OnePlus е најверојатно единствената компанија која не е во топ 3 производители на смартфони која привлекува посебно внимание со нивните уреди. Тие имаат по еден модел и се прилично едноставни за да се изберат, иако прилично често ги претставуваат, но тоа исто така прави да се во тек со конкуренцијата.

OnePlus 7T е наредниот уред од оваа кинеска компанија којшто ќе биде официјално претставен идната недела, поточно на 26 септември. Можеби поради константното пуштање на неофицијални информации, дел од производителите почнаа самите да објавуваат информации за своите уреди пред нивното претставување.

Директорот на OnePlus реши да прикаже две слики и со тоа делумно да го открие изгледот на 7T, поточно неговата задна страна. Во посебна објава на форумот од компанијата, тој посебен осврт дава на вниманието кое тие го даваат на дизајнот на уредите, па дури истакнува дека тие тоа го прават уште пред да почнат да го прават останатите Android производители.

Од сликите се гледа дека OnePlus 7T ќе има кружен модул за камерите кои ќе ги има 3. Директорот Пит Лау истакнува дека овој дизајн дава одличен контраст на правите агли кои ги имаат телефоните, а јас лично и би се сложил и би истакнал дека изгледа многу подобро од квадратот на новите iPhone модели.

Од сликите може да се види и новата боја која ќе ја има новиот OnePlus 7T, а се истакнува дека таа ќе има мат ефект, што според мене изгледа одлично, а посебно од кога се почна стандардно да се користи стакло на задната страна кое ги покажува сите најмали допири од прстите.

Повеќе информации секако и не можеа да се очекуваат, па останува да го гледаме претставувањето идната недела.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.