xiaomi-transformer

Уште веднаш да посочиме, сепак се работи за играчка – таблетот не функционира навистина како таблет. Сепак, кул играчка за децата, а богами и за повозрасните вљубеници во Transformers серијалот.

Дизајнот на новиот играчка таблет е на Хуго Бара, познатиот дизајнер кој претходно работеше во Google и кој неодамна премина во Xiaomi. Нормално, бидејќи се работи за играчка, за изработката ќе се погрижи Hasbro, еден од најголемите производители на играчки во светот.

xiaomi-transformer-2

Нормално, кога е склопен како таблет, однапред уредот изгледа прилично искршено – сите овие делови мора да се одделат за да може да се претворат во Transformer. Одзади пак се сите делови од роботот и тука може најдобро да се забележи дека не се работи за вистински таблет, иако има некои елементи, како камерата и отворите за звучниците, кои потсетуваат на MiPad таблетите на Xiaomi. Роботот е инаку Decepticon, односно оние лошите момци од Transformers серијалот.

xiaomi-transformer-3

За расклопувањето на таблетот, односно претворањето во Decepticon Transformer се потребни 30 чекори, што е веројатно очекувано, бидејќи играчката е тенка и прилично густо склопена кога изгледа како таблет.

Засега играчката може да се купи преку “Crowdfunding” онлајн кампања за 26 долари, но ако има доволно интерес, Xiaomi и Hasbro секако дека ќе се одлучат и на сериско производство.

Извор: TechnoBuffalo, Geek, Gizmodo

Претходна статијаNvidia Tesla P100 е најбрзиот графички чип на планетата
Следна статијаWindows 10 Insider Preview Build 14316 овозможува тестирање на промените најавени за Anniversary Update