Nokia можеби не е гигантот кој беше на времето, но многумина не знаат дека тие се уште поседуваат голем број на патенти, кои ги употребуваат голем број на компании. Една од нив е Apple, со таа разлика што тие не плаќаат за патентите на Nokia. Нормално, од финската компанија сега следува тужба и тоа за 32 патенти.

Патентите содржат најразлични компоненти на паметните телефони, во случајов iPhone, вклучувајќи патент за дисплејот, корисничкиот интерфејс и софтверот, антената, чипсетите и видео кодирање. Ова се прилично важни патенти, кои Nokia веќе ги лиценцира на голем дел производители. Финскиот производител потврди дека Apple им плаќа за дел од патентите, но нема платено за овие 32 патенти.

Сепак, од Apple велат дека Nokia не се сложила на лиценцирање под фер услови и сега користи тактики со кои сака да изнуди пари од Apple за пронајдоци кои ги има направено Apple и со кои тие немаат ништо. Сето ова на крај сигурно ќе се реши на суд и уште отсега да се фати страна е прилично неодговорно, но лично верувам дека Apple и Nokia ќе постигнат компромис уште пред да биде донесена пресуда.

Nokia инаку веќе не е производител на паметни телефони – поточно, ова е делот од поранешниот гигант наречен Nokia Technologies. Компанијата која го тужи Apple го продаде одделот за телефони на Microsoft, но неодамна го купи Alcatel-Lucent и со тоа е голем играч во бизнисот за телекомуникациски мрежи. Наскоро, нивниот бренд ќе се врати и на предната маска на паметните телефони, но во производство на HMD Global.

Извор: CNET, Telegraph, NDTV

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.