Наредната година ќе бидеме сведоци на враќањето на еден од најголемите брендови во мобилната телефонија, кој своевремено беше буквално неприкосновен на пазарот. Nokia (конечно) ќе почне да произведува смартфони со Android, а првите претставени уреди ќе бидат од високата класа и ќе покажат што сѐ знае и може производителот.

На фотографиите може да се види дека овие смартфони ќе имаат метално тело и иако многу извори велат дека овие слики не се точни (личат премногу на HTC), тоа и не е многу тешко да се претпостави. Порано, смартфоните на Nokia беа особено познати по квалитетната и цврста изработка и нема причина новите модели да не го наследат тоа.

Перформансите ќе бидат најдобри можни во тој момент. Процесорот ќе биде Snapdragon 835, помогнат од дебели 6 GB рам меморија, што е сигурно доволно за супериорни перформанси. Камерата ќе има 23 мегапиксели и како и секогаш во Nokia, ќе има Carl Zeiss леќа. Очекувајте токму камерата да биде главниот фокус на овој телефон и таа да биде сериозен конкурент на најдобрите смартфон камери.

Сѐ уште е тешко да се процени кога ќе пристигнат првите Nokia смартфони со Android. Според сите извори, тоа ќе се случи на MWC во Барселона, но овој саем се случува на почетокот на годината, што е премногу рано за телефон со Snapdragon 835 процесор. Овој чип ќе биде достапен подоцна, веројатно некаде кон половината на наредната година.

Според тоа, Nokia би можела да претстави неколку уреди од средната и ниската класа на MWC со цел да не подготви за подобрите смартфони подоцна во текот на годината. Производител на телефоните ќе биде компанијата HMD Global.

Извор: Pocketlint, T3, Forbes

Претходна статијаЕлон Маск ќе гради тунели за подземен сообраќај
Следна статијаZUK Edge е 5,5 инчен смартфон со моќни перформанси и без рамка од страните на дисплејот