Фото: Shutterstock.com

Samsung уште официјално го нема закажано нивниот нареден Unpacked настан на кој ќе ги претстави новите Galaxy S22 уреди, иако го потврди неговото одржување за идниот месец. Според неофицијалните информации, овој настан ќе се одржи на 9ти февруари, што е за околу две недели.

Од тоа што можеше да се види од стандардните неофицијални информации изминатите месеци, а и од последната најава од страна на Samsung, нема да има некои поголеми промени кај новата Galaxy S серија, но сепак ќе има една доста важна новина.

Ultra моделот оваа година целосно ќе ја замени веќе и јасно откажаната Galaxy Note серија. Од неофицијалните слики може да се види и дека изгледот на Galaxy S22 Ultra наликува на стилот кој порано го имаше Note, а се најавува и воведување на простор за S Pen, нешто што го немаше кај ланскиот S21 Ultra, со кого и започна „префрлувањето“ на Note серијата.

Оваа одлука на Samsung воопшто не е чудна. Корисниците кои се секогаш спремни да го користат најдоброто на пазарот и тоа кое донесува одредена иновација, односно не е како останатата конкуренција, сега ја имаат Galaxy Z серијата, а тие кои сепак сакаат уред како Note, тоа ќе го имаат во Galaxy S серијата.

Пред излегувањето на Galaxy S22, сега ги имаме и цените по кои би требало да се продаваат телефоните, а со тоа ги гледаме и достапните варијанти. Не можеме да бидеме сигурни на точноста на овие цени, но секако ќе ги дознаеме за некоја недела.

Од тоа што може да се види, Samsung има направено мало покачување на цените, па така основниот S22 модел со 8GB RAM и 128GB простор за податоци, ќе се продава по цена од 849 евра.

Најскап ќе биде Galaxy S22 Ultra со 12GB RAM и 512GB простор за податоци, кој ќе се продава по цена од 1449 евра.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаЗапочна гласањето за првите награди во е-трговија
Следна статијаMicrosoft започна со инсталација на најновата верзија од Windows 10 за корисниците кои уште ја имаат 20H2 верзијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.