Претседателот на одборот на директори на Samsung, ТМ Рох, денеска излезе со објава која ни дава неколку информации за што е тоа што можеме да го очекуваме од компанија во периодот што следи.

Тој посебно внимание во својата објава даде на иновациите во мобилната индустрија и потребата од истата, влијанието на Samsung, а посебно на уредите кои тие ги имаат претставувано за кои се верувало дека пазарот нема да ги прифати.

Со ова постепено се насочува кон Note серијата која беше една од најмногу популарните кај корисниците, а посебно понапредните. Оваа серија е таа која ги направи популарни телефоните со големи екрани, а ТМ Рох посебно го истакнува влијанието на S Pen кое покажало дека корисниците не ни знаеле колку им е потребно.

Иако не го кажува тоа директно во својата објава, ТМ Рох може да се каже дека ги потврдува најавите дека Galaxy S Ultra моделот ќе ја замени Galaxy Note серијата која минатата година и немаше нов модел.

За Galaxy S22 Ultra се очекува дека оваа година ќе дојде со место за чување на S Pen, како што беше стандардно кај Note серијата, а сите неофицијални слики кои можевме да ги видиме досега го покажуваат овој модел како изгледа повеќе слично со Note моделите.

Потврда дојде и за наредниот Unpacked настан кој ќе се одржи идниот месец. Точна дата не беше дадена, но според досегашните информации се очекува да биде на 8ми февруари.

Samsung повторно ќе претстави три Galaxy S модели, па заедно со целосната промена на Ultra моделот, сите корисници ќе имаат избор за својот тип на уред.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаРСБСП совети за возење во зимски услови
Следна статијаTask Manager во Windows 11 ќе добие редизајн со Fluent Design стилот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.