Со пуштањето на Windows 11 минатата година се виде дека доста од промените кај корисничкиот интерфејс ќе останат за наредната поголема надградба која треба да биде оваа година. Иако на прв поглед изгледот е променет и унифициран, кога ќе почне да се користи оперативниот систем, излегуваат на површина старите елементи, како кај менијата, така и кај апликациите.

Microsoft веќе започна со менување на дизајнот на своите апликации и останати елементи кај Windows 11, во стилот на нивниот Fluent Design, па повеќе пати можевме да видиме неофицијални слики од промените кои уште не се дел од финалната верзија од системот.

Еден дел од Windows 11 може да се каже дека е доста стар и непроменет одамна, а тоа е Tast Manager апликацијата. Според откритијата на неколку корисници на најновата Dev тест верзија од Windows 11, Task Manager конечно ќе биде модернизиран, односно ќе изгледа како остатокот од системот.

Од тоа што може да се види, промената сега за сега е само во изгледот, односно нема нови функции и можности. Лентите кои сега стојат на горната страна се префрлени на левата страна и се направени нешто слично како посебните категории на прилагодувања кај Settings апликацијата.

Додадени се проѕирни делови, како што е стандардно со Fluent дизајнот, а додадена е и темна тема, нешто што досега немало.

Оваа промена би требало да им биде пуштена на корисниците со надградбата на Windows 11 оваа година, односно во лето или есен, а во меѓу време можеме да чекаме Microsoft да ја пушти за сите корисници кои го тестираат системот.

ИЗВОРXDA Developers
Претходна статијаSamsung го потврди наредниот Unpacked настан за идниот месец со посебно внимание на Note серијата
Следна статијаTM Roh го најави најдобриот Samsung Galaxy S уред досега
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.