Корисниците на Windows 10 кои не се секогаш заинтересирани да бидат на најновата верзија од оперативниот систем, во периодот што следи автоматски ќе бидат надградени на најновата верзија.

Моментално најновата верзија од Windows 10 е 21H2, односно Windows 10 November 2021 Update која беше официјално пуштена во втората половина од ноември минатата година. Иако оперативниот систем уште е официјално поддржан и тоа според најавите ќе трае до 2025 година, сепак секоја посебна верзија има поддршка од 18 месеци.

Во мај оваа година ќе заврши поддршката за Windows 10 20H2, односно за верзијата која беше пуштена во втората половина од 2020 година.

Поради тоа Microsoft започна со надградба на компјутерите кои уште се на оваа верзија и кои за некој месец ќе ја загубат поддршката, која во главно ќе значи губење на безбедносните надградби.

Од компанијата преку Twitter најавија дека започнуваат со надградба врз основа на нивниот модел за машинско учење, односно надградбата ќе почнат да ја добиваат компјутерите кои се смета дека истата ќе можат да ја инсталираат без проблеми.

Корисниците на овие компјутери секако можат и да го инсталираат Windows 11, доколку се компатибилни, односно доколку се купени отприлика во последните 5 години.

За оваа година надградбата на Windows 10 се очекува да биде помала, како што тоа е случајот изминатите години, а овој пат најверојатно нема да има никакви нови функции.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаНеофицијално објавени цените на сите Galaxy S22 телефони кои треба да бидат претставени идниот месец
Следна статијаCES 2022: Новиот модел на правосмукалката Samsung Bespoke Jet™ со држачот „All-in-one Clean Station™“, носи беспрекорно чистење
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.