Скопје, 24.01.2022 – Во петокот официјално започна јавното гласање за е-трговците кои се номинираа на Изборот за најдобрите во македонската е-трговија – ‘Ecommerce Awards’, во организација  на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Првите награди за е-трговија во нашата држава ќе ја препознаат, наградат и промовираат извонредноста на е-трговците во повеќе секции – од ‘Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање’ и ‘Најдобри е-продавници по сектори’, до ‘Шампиони во е-трговија’, каде ќе се додели и главната награда ‘Е-трговец на годината’.

Гласањето од страна на јавноста е бесплатно и отворено до 10.02.2022. Гласањето може да се направи на следниот линк. По завршување на гласањето од јавноста ќе следи гласање од жири комисијата составена од стручни лица кои се внимателно одбрани за да придонесат во изборот на најдобрите е-трговци во сите категории, освен категоријата ‘Најпопуларна е-продавница’ во која наградата ќе се додели единствено врз основа на бројот на гласовите од јавноста.

АЕТМ ги повикува сите оналјн купувачи и корисници да го дадат својот глас со што ќе придонесат во изборот на победниците. Покрај за омилените е-продавници од кои граѓаните купуваат онлајн облека, обувки, козметика, намирници и други производи и услуги, тие ќе може да гласаат и за најдобрата веб страна за плаќање сметки онлајн во која се номинирани 6 компании, како и за најдобро владино решение од областа на оналјн услуги во кое се номинирани 7 решенија од министерства и владини институции.

Инаку, процесот започна пријавување на е-трговците на официјалната веб страница на натпреварот кое траеше до 12ти јануари. Од АЕТМ известуваат дека интересот за натпреварот ги надминал очекувањата и пријавувањето завршило со речиси 150 пријави во 18 категории. Најмногу од компаниите се пријавиле за категориите ‘Е-трговец со најдобра грижа за корисници’, ‘Е-трговец на годината’, ‘Најпопуларна е-продавница’, како и ‘Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки’. По затворање на рокот за пријавување, сите пријави се внимателно проверени и оние кои ги исполнуваат условите на натпреварот се објавени на листата на номинирани во соодветните категории на официјалната веб страница на E-commerce Awards.

‘E-commerce Awards’ – првите награди во е-трговија, ќе ги препознае и награди најдобрите, ќе придонесе за промоција на е-трговијата и кревање на свеста за нејзиниот потенцијал, а од друга страна ќе придонесе за зајакнување на конкурентноста и охрабрување и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење.

Иницијативата “E-commerce Awards” е поддржана од Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија во рамки на Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ, по нарачка на Германската влада. Генерален партнер на иницијативата е Мастеркард. Дополнително, заинтересираните компании кои сакаат да придонесат во организацијата на оваа иницијатива ќе имаат можност да се вклучат како поддржувачи.

За повеќе информации постете ја веб страната на натпреварот https://ecommerceawards.mk/

Претходна статијаЗакажан програмерскиот натпревар Google HashCode 2022
Следна статијаНеофицијално објавени цените на сите Galaxy S22 телефони кои треба да бидат претставени идниот месец

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.