Иако сме на околу шест месеци до претставувањето на наредната генерација од iPhone, оваа година iPhone 14, сепак веќе се излезени повеќето неофицијални информации и можеме да добиеме претстава што да очекуваме.

За iPhone 14 не се најавуваат некои поголеми промени, односно драстичен редизајн, но сепак се најавуваат неколку промени кои ќе направат доволно голема разлика, а посебно кај корисниците кои почесто ги менуваат своите телефони.

Една од главните новини кои се најавуваат, но најверојатно само за Pro моделите, е конечно тргање на исечокот на екранот и негова замена со две дупки, едната за камерата и другата нешто поголема за Face ID системот.

Според 9TechEleven, дизајнот на iPhone 14 е финализиран и тие имаат направено слика врз основа на достапните информации. На сликата може да се види споредба помеѓу основниот и Pro моделот, кој покрај тргањето на исечокот, доаѓа и со 20% помали рамки околу екранот, кои сепак се уште големи во споредба со Android конкурентите.

Овие модели оваа година наводно ќе се разликуваат и во чипот, па Apple ќе престане да го користи истиот кај сите модели, а најновиот ќе го има само кај Pro моделите, додека кај двата основни се очекува да биде вграден A15 Bionic кој го има кај iPhone 13 серијата.

Претходна статијаНеофицијални најави дека се ближи претставувањето на Pixel Watch од Google
Следна статијаGalaxy Fold4 треба да биде нешто помал и потенок со што овој уред ќе стане многу попривлечен за корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.