Фото: MacRumors

До претставувањето на наредната генерација на iPhone, односно iPhone 14, има уште доста време. Apple нивните телефони ги претставува во септември, но времето одамна не е главен фактор за тоа дали има достапни неофицијални информации.

Според познатиот Минг-Чи Куо, Apple оваа година ќе ја прекине својата практика на користење на истиот чип кај сите нивни модели без разлика дали се работи за Pro или „обичните“.

Оваа година, кај iPhone 14, Apple наводно ќе го користи нивниот нареден чип, A16 Bionic само кај Pro моделите, но не и кај двата основни модели. Овие модели ќе го користат ланскиот чип, A15 Bionic, кој моментално го имаат iPhone 13 телефоните.

Со оваа информација, доаѓа и информацијата дека Apple оваа година нема да претстави mini верзија од iPhone 14, па ќе бидат достапни само две големини кои ќе се разликуваат по тоа дали се дел од Pro серијата или не.

Тоа значи дека iPhone 14 серијата ќе биде составена од моделите iPhone 14 со 6,1 инчен екран, iPhone 14 Max со 6,7 инчен екран, како и истите големини кај Pro и Pro Max верзиите.

Apple веќе прави разлика кај основните и Pro моделите, на пример тие кај iPhone 13 серијата се разликуваат по достапноста на Pro Motion екранот, односно достапноста на стапка на освежување од 120 херци, како и кај камерите. Оваа година таа разлика ќе се зголеми и со чипот.

Останува да се види дали основните два модели ќе имаат одредено намалување на цената, со оглед на намалувањето на карактеристиките во споредба со Pro моделите или па од Apple ќе се одлучат за зголемување на цената на Pro моделите.

Уште една разлика за најавува помеѓу верзиите за оваа година, а тоа е вклучувањето на нов дизајн за предната камера и Face ID системот, кои кај Pro моделите ќе бидат поставени во помал исечок во форма на две дупки, додека основните модели ќе го задржат стандардниот исечок.

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаНајголемиот натпревар за фрлање авиончиња од хартија, Red Bull Paper Wings, се враќа во Македонија
Следна статијаПо барање на Google се затвора познатата YouTube алтернатива YouTube Vanced
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.