Уште од минатата година читаме дека Google ќе претстави паметен часовник под Pixel брендот. Овие очекувања се зголемија по најавата на соработката помеѓу Google и Samsung за развојот на Watch OS, како комбинација на достапноста на Android и искуството на Samsung на овој пазар изминатите години.

Според некои неофицијални информации, Google и Samsung се имаат договорено да Samsung добие една година на ексклузивност со новиот оперативен систем на кој моментално работи само Galaxy Watch4, по што и другите производители ќе можат да почнат да го користат.

Познатиот „протекувач“ на информации @evleaks објави слика на која се гледа можност за отворање на интерактивен туторијал за уред наречен Pixel Rohan, кодно име кое се поврзува со Pixel Watch паметниот часовник.

Со оваа објава, @evleaks кратко кажува дека нема да биде уште долго, мислејќи на претставувањето на овој уред.

Очекувањата се дека Google би го најавил овој часовник веќе идниот месец, па останува да видиме дали тоа ќе се случи.

Инаку, од неофицијални слики, може да се види дека треба да очекуваме кружен дизајн, нешто што го користат повеќето производители со исклучок на Apple.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаTesla веќе нема да вклучува кабли за полнење со нивните нови автомобили
Следна статијаНеофицијална слика го прикажува финалниот изглед на iPhone 14
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.