Една од главните „маани“ на iPhone според нас е упорното користење на голем исечок на екранот од Apple кои со години не се решаваат за промена на овој дел. Секако, главната причина поради која iPhone има исечок, наместо само камера, се сензорите за отклучување на уредот кои се користат наместо сензорот за отпечатоци.

Според неофицијалните информации, ќе помине уште малку време додека Apple се одлучи за користење на сензор за отпечатоци под екранот, а со тоа да ја тргне потребата од сензорите за Face ID системот. Идната или за две години може да го очекуваме и првиот iPhone кој околу екранот ќе има само минимална рамка и ништо повеќе.

За оваа година може да очекуваме само намалување на исечокот, а неофицијалните информации го најавуваат токму тоа.

Користејќи ги достапните информации, јапонската страна Mac Otakara објави слики од модел од iPhone 13 Pro со што може да се добие претстава како ќе изгледа исечокот на екранот. Останатиот дел од уредот е непроменет.

Намалувањето на исечокот во ширина е очигледно, а на сметка на тоа зголемена е неговата „висина“. Исто така, може да се забележи дека преместен е звучникот, како и камерата.

Тоа што сепак привлекува поголемо внимание кај iPhone 13 е најавата дека оваа година може да се очекува стапка на освежување на екранот од 120 херци, нешто што требаше да биде дел од ланската серија.

Оваа стапка на освежување на екранот овозможува побрза промена на информациите кои се прикажуваат, односно помазни анимации и движење на елементите.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаКомпанијата Genesis го прослави влезот на кинескиот пазар со рекорден број на дронови над Шангај
Следна статија5G технологија: Покренување на еволуцијата на сајбер безбедноста
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.