Note серијата од Samsung оваа година стана проширена со додавањето на уште еден, односно „плус“ модел, кој во основа може да се каже дека е главниот модел. „Обичниот“ Note10 кој исто така има прилично висока цена, доаѓа со слични карактеристики, меѓутоа не сите достапни кај Note10+ моделот, со што се издвојуваат овие два телефони.
Сега според информации кои ексклузивно ги објавуваат од познатиот портал SamMobile, Samsung планира да претстави трет Note член, кој треба да биде подостапен за корисниците и ќе ја носи ознаката „лајт“.
Иако нема повеќе информации за можните карактеристики на Note10 lite, искуството покажува дека „лајт“ моделите обично доаѓаат со поголема разлика од главните модели. Тоа значи дека кај овој модел може да се очекуваат различни камери, екран и други главни карактеристики, но би требало да го има S Pen, инаку ќе нема зошто телефонот да биде дел од Note серијата.
На „ексклузивните“ информации се приклучува и уште еден портал, DroidShout, кои тврдат дека „лајт“ модел ќе биде претставен и од S10 серијата или S11.
Според информациите на DroidShout, лајт верзијата од S11 би ги имала истите карактеристики на A91, модел кој уште не е претставен.
Идејата за претставување на лајт модели од највисоките две серии наводно е во зголемувањето на продажбата на модели од средно високата класа, но со помош на S и Note брендовите.