Shutterstock.com

Наредната надградба на Windows 10 која стандардно се пушта во есен го доби своето официјално и очекувано име. November 2019 Update, треба да им биде пуштена на корисниците во ноември, како што кажува и самото име.

Како што беше случајот и со мајската надградба, Microsoft прво ја пушта верзијата од Windows 10 која ја смета дека ќе биде финалната на Release Preview кругот од Windows Insider, што значи дека уште сега можете да ја инсталирате.

Доколку не сакате да останете на Windows Insider по инсталирањето на оваа верзија, Windows 10 има одлична опција за истото, па кога истата ќе се избере, во Windows Insider Program делот од Settings, тест верзиите нема да ви бидат пуштани по добивањето на официјалната верзија.

Овој пат не се очекуваат проблеми со надградбата, а најмногу поради тоа што истата е значително помала, односно не доаѓа со големи новини. Windows 10 November 2019 Update во главно донесува подобрувања во перформансите, а ќе се инсталира исто како и другите месечни надградби (ова важи за корисниците на May 2019 Update).

Иако надградбата не се смета за голема, сепак донесува неколку новини кои се надвор од подобрувањето на перформансите, а главните ги вклучуваат:

  • Повеќе дигитални асистенти ќе можат да се прикажуваат на екранот кога е заклучен уредот, а не само Cortana
  • Креирањето на настани во календарот ќе може да се прави директно од малиот календар кој се појавува со притискање на часовникот на таскбарот
  • Нови слики во прилагодувањата за известувањата, поточно кај секоја посебна апликација, кои подобро го прикажуваат изборот на корисникот за тоа каде може да се прикажуваат известувањата
  • Листата на апликации во прилагодувањата за известувањата ќе бидат наместени и прикажани според тоа кои се последните апликации кои прикажале известување

Целосната листа на новини во Windows 10 November 2019 Update можете да ја видите на овој линк.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаМожно претставување на „лајт“ верзии од најдобрите серии на Samsung телефоните
Следна статијаHuawei Mate X би требало да почне да се продава до крајот на месецот во Кина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.