Можеби уредите со екрани на превиткување се уште на почетокот, односно сега ги гледаме првите верзии, а тоа значи дека има и одредени проблеми, сепак јас верувам дека овие уреди се иднината на смартфоните.

За разлика од Samsung со нивниот Galaxy Fold, како и Huawei со нивниот Mate X, Motorola оди во поразличен правец, а морам да признам, мислам дека кога ќе биде претставен ќе им биде сериозна конкуренција на двата најголеми производители во светот.

Motorola, за кои се верува дека нивниот уред со екран на преклопување ќе го носи брендот RAZR, ќе оди во правец којшто е карактеристичен за овој бренд. Тоа значи дека за разлика од преклопувањето по должина за кое се одлучија конкурентите, иако во различен правец, Motorola RAZR ќе се преклопува по ширина, како и старите уреди.

Сепак, името RAZR нема да значи мал екран и физичка тастатура, туку еден екран којшто кога е отворен ќе изгледа како и обичните мобилни во денешно време.

Причината поради која ми се допаѓа овој концепт на Motorola е што ќе добиеме можност да користиме телефон со голем екран, како што тоа веќе го правиме, меѓутоа со можност да се преклопи и да се добие уред погоден за чување во џебот.

Главната разлика на овој концепт е што корисниците не добиваат 2 во 1 уред, односно смартфон кога е затворен и таблет кога е отворен, па ќе ги привлече повеќе тие кои сакаат само смартфон.

Како би требало да изгледа RAZR во „превиткувачка“ форма веќе видовме од патент цртежите од Motorola, а работата на овој уред ја потврдија од компанијата.

Сега добиваме уште подобар поглед на уредот со неофицијални рендери кои првично беа објавени на Weibo, па тргнати. Од сликата на почетокот од статијата може да се види изгледот од напред, а во продолжение и местото каде што се превиткува.

Од сликите се гледа и пакувањето кое ќе има некарактеристична триаголна форма, а според сликите корисниците ќе добијат и посебен безжичен полнач.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаWindows 10 сега ќе бара минимум од 32 GB простор за да може да биде инсталиран
Следна статијаНеофицијални „рендери“ од OnePlus 7 Pro ни прикажуваат уред без рамки околу екранот и три камери на задната страна
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.