OnePlus ќе одржи настани во четири градови за претставувањето на OnePlus 7. Три настани ќе бидат во истиот ден, односно тие во Лондон, Њујорк и Бангалор, а уште еден посебен настан ќе биде одржан наредниот ден во Кина.
Претставувањето, односно настаните се официјално закажани за 14-ти мај, се очекува претставување на два модели, OnePlus 7 и OnePlus 7 Pro, а Pro верзијата ќе има и 5G варијанта која ќе се продава на пазарите каде има ваква мрежа.
Директорот на компанијата веќе најавува дека карактеристика на овие телефони ќе биде брзото и мазно работење, но како и секогаш, од нив може да се очекува и добар екран.
Според неофицијалните слики кои веќе можеа да се видат, а еве и повторно се објавени нови, OnePlus 7 Pro ќе биде направен да скоро и нема рамки.
Тоа ќе се постигне со заобленост на екранот од страните, нешто по што најмногу е познат Samsung, а на горната и долната страна рамките ќе бидат минимални. Потребата за исечок или дупка на горната страна ќе биде тргната со камера која излегува од самиот уред, барем така се тврди.
Ова не е ново решение, но сепак не го гледаме често, а најверојатно поради ризикот од расипување на механизмот кој ја вади камерата од уредот. Сепак, ќе видиме како од OnePlus ќе се покажат кога е тоа во прашање.
Инаку, на задната страна OnePlus 7 Pro ќе има три камери, па уште сега се гледа дека овој производител повторно ќе им конкурира на најдобрите на пазарот.
Exclusive: Here is your first look at the official renders of the #OnePlus7 Pro Nebula Blue and Mirror Grey variants! Looks good, doesn't it? Curved Screen and a triple camera setup at the back with #OnePlus written below. Your thoughts? #OnePlus7Pro #GoBeyondSpeed pic.twitter.com/ibRklVCODQ
— Ishan Agarwal (@ishanagarwal24) May 2, 2019
Вториот модел, односно тој без Pro ознака се верува дека ќе има екран со мал исечок на горната страна во форма на солза, како што ги нарекуваат, а за многу корисници ова ќе биде и подоброто решение.
OnePlus е кинески производител кој има верна група на корисници, иако за разлика од кинеската конкуренција не е доволно достапен во продажба преку операторите или локалните продавачи.