mesuit

Може со часови да дискутираме за тоа колку е навистина потребна Android футрола за поголемиот дел на корисници на iPhone, но во многу случаи би можела да биде многу корисна. На пример, за дивелоперите, кои сега само со еден телефон ќе можат да развиваат апликации и за двата најпопуларни оперативни системи.

MESUIT е кинеско производство, што е и очекувано од еден ваков егзотичен продукт и има внатрешност која ги има сите потребни компоненти за погонување на еден мобилен оперативен систем. Поточно, оваа футрола iPhone-от го користи само како надворешен дисплеј за да го прикаже Android оперативниот систем.

gsmarena_003

Футролата доаѓа во две големини, наменети за обичниот и Plus моделот од последните две генерации на iPhone. Помалата футрола наменета за iPhone 6 и 6S има дополнителна батерија од 1.700 mAh, додека поголемата наменета за iPhone 6 Plus и 6S Plus има батерија со капацитет од 2.500 mAh. Батеријата може да се искористи и за полнење на телефонот, но и за сите внатрешни компоненти.

Од производителот се уште немаат дадено информации за тоа кој чип е вграден во футролата, но не очекувајте да биде претерано моќен. Интересно, футролата има и сопствен модем со 4G брзина и слот за SIM картичка, што значи дека покрај Android, со оваа футрола во својот iPhone ќе можете да користите уште еден телефонски број.

gsmarena_002

MESUIT е секако интересно парче техника, особено за оние кои сакаат да експериментираат, но цената од 150 долари за помалиот и 165 долари за поголемиот модел и не е така ниска, особено ако во равенката се стават цените на паметните телефони од средната класа од Кина, кои нудат навистина многу за истите пари.

Уште поинтересно е што производителот вети дека ќе направи футрола и за Android уредите која во нејзе ќе има iOS, што секој кој барем малку ги познава работите, знае дека е против правилата на Apple, а тоа е дека iOS е оперативен систем кој може да се користи само на уредите на Apple. Но, во Кина се е можно, па ајде да не го исклучиме и тоа…

Извор: GSMArena, The Verge, TechnoBuffalo

Претходна статијаНовата Nvidia Titan X е најбрзата графичка карта во светот
Следна статијаКритична маса #51: Одвози и уживај