Samsung оваа година ги претстави третите генерации од нивните два уреди со екрани кои се превиткуваат. Слободно може да се каже дека тие сега се спремни за масовно користење, односно новата технологија веќе е доволно развиена и тестирана за да корисниците бидат сигурни дека нема да наидат на некои од проблемите кај првата генерација.

Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3 доаѓаат со свитливи екрани кои во нивната трета генерација се многу поиздржливи, а квалитетот на сликата е нешто што е во рамките на познатиот квалитет на екраните од компанија.

Samsung објави видео преку кое покажува колку сериозно ја сфаќа издржливоста на овие уреди поради тоа што нивните екрани не се стандардни и мора да поминат низ повеќе тестови од обичните.

Во краткото видео се прикажани четири различни тестови кои се прават за да корисниците можат да бидат сигурни дека иако купуваат уред со екран кој се превиткува, нема да имаат никакви проблеми.

Првиот тест е атмосферска комора, во која уредите се поставуваат за да се тестира работата при прикажување на видео или сликање во различни услови, како различна температура, влажност и слично.

Во вториот тест се тестира отпорноста на вода, во третиот работата на S Pen преку тестирање на екранот, а последниот тест, кој повеќето најмногу би ги интересирал е превиткувањето на екранот.

Од Samsung истакнуваат дека овие уреди можат да издржат најмалку 200.000 превиткувања, што е доволно за 5 години доколку корисникот ги отвора и затвора уредите по 100 пати на ден, а јасно ни е дека тоа е многу, иако по цел ден сме со нашите уреди.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаHuawei претстави седум иновации во дигиталната инфраструктура, создавајќи поголема вредност за клиентите и партнерите
Следна статијаApple денеска го одржува својот втор хардвер настан – како да го гледате и што се очекува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.