Наскоро, според многу релевантни информации, Samsung ќе заработува повеќе пари на iPhone X отколку на своите Galaxy S8 смартфони, односно преку 14,3 милијарди долари. Причината е OLED дисплејот во смартфонот на Apple, кој во моментов само Samsung може да го произведува во толку големи количини.

Ова секако е нешто што на Apple воопшто не му одговара, бидејќи Samsung е директен конкурент на смартфон сцената и секое зајакнување на противникот, не оди во прилог на компанијата. Затоа, за идните iPhone смартфони со OLED дисплеј веќе нема да се потпираат на технологијата на Samsung, туку на онаа на Japan Display, јапонската компанија која исто така произведува такви екрани, но засега во помал број (и исто така произведува LCD екрани за iPhone 8 и 8 Plus).

Japan Display всушност ќе се вклучи на LG како производител на екраните за Apple од идната година и за таа причина планира да вложи преку 900 милиони долари во нов процес на производство, кој ќе им овозможи произведување на многу поголем број на OLED екрани, доволно за да ги задоволат побарувањата на Apple. Згора на тоа, според информациите, технологијата на Japan Display ќе биде поефикасна од таа на Samsung и дисплеите најверојатно ќе бидат поевтини.

Сепак, тука вреди да се каже дека како пионер, Samsung и натаму има далеку најквалитетни OLED екрани, како и најнапредна технологија вградена во нив. Од наредната година, корејската компанија планира телефон кој ќе може да се свитка на половина, што е технологија која Apple сум сигурен потоа ќе сака да ја види и во некој свој паметен уред.

Извор: Android Authority, Digit, Reuters

Претходна статијаКолку е доволно да вежбате за да ги елиминирате анксиозноста и депресијата?
Следна статијаFacebook ќе се бори против лажни вести со додатни контекстуални информации