Концепт слика од iPhone на преклоп генерирана од Imagen 3/Gemini

Типично за Apple, иако со години се чека да влезат на пазарот на смартфони на преклоп, тие чекаат додека технологијата овозможи претставување на ваков уред кој навистина вреди. Од конкуренцијата можеме да заклучиме дека ваквите уреди се’ уште не се доволно усовршени, па не треба воопшто да се чудиме зошто од Apple чекаат. 

Повеќето гласини сега ја најавуваат 2026 како годината кога Apple конечно ќе влезе на овој пазар, а според некои тоа ќе биде доста добро и за пазарот кој би требало да стане доста поголем и повеќе популарен од сега. 

Нова неофицијална информација повторно го најавува iPhone на преклоп за 2026 година. Истата доаѓа од корејскиот Kipost, а преводот од статијата која мора да се плати за да се прочита е објавен на X од страна на Jukanlosreve

Според информациите, iPhone на преклоп ќе започне со производство во мај 2026, а ќе биде претставен во септември со останатите модели. Тоа што е добро во оваа најава е дека овој iPhone би се преклопувал по вертикалата, односно како Galaxy Z Fold. 

Според мене, само ваквите уреди носат вистинска вредност, а корисниците добиваат доволно мал уред за во џебот, уред кој се отвора во доволно голем таблет за гледање на видео, слики и слично. 

Тоа што се издвојува во најавата е дека Apple ќе користи достап понапредна технологија која ќе ги надмине сите достапни вакви уреди. 

Вакво нешто е очекувано од Apple, па ќе видиме што тоа ќе значи, а и што ќе претстават конкурентите со оглед дека екраните од компанијата како и да е мора да ги нарачаат од Samsung. 

ИЗВОРBGR
Претходна статијаДолгоочекуваниот Geely Starray пристигна во Македонија: Подгответе се за револуција во возењето
Следна статијаВтор „Математон“ во ПСУ ‟Јахја Кемал‟– Недела на Математиката
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.