ПСУ ‟Јахја Кемал‟ во Скопје со гордост го најавува второто годишно издание на „Математон“ во Скопје, недела посветена на математика, дизајнирана да создаде пријателска и семејна атмосфера. Со мисија да ги поврзе генерациите – од ученици од основно образование до алумни – овој настан ја истакнува соработката, инспирацијата и заедничката љубов кон математиката.
Организиран од Ученичкото Математичко Друштво под водство на Катедрата за Математика, настанот е предводен од претседателот Алексиј Тасиќ и потпретседателот Бранко Јангеловски. Нивната посветеност придонесе за создавање програма која спојува теорија, практични активности и заедништво.

Што Го Прави „Математон“ Посебен?
Настанот создава уникатна атмосфера каде што помлади ученици, сегашни ученици и алумни соработуваат, споделуваат знаење и формираат трајни врски. Активностите како „Игратон“, „Естиматон“ „Комботон“ и „Тиматон“, ги поттикнуваат тимска работа и креативност, додека паузите за ручек нудат простор за дружење и размена на идеи во опуштена атмосфера.
Сега веќе во својата втора година, „Математон“ е повеќе од математички настан – тоа е прослава на заедницата и учењето, која ги поврзува генерациите и инспирира идни математичари. Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од ова извонредно искуство.